Тренчевска: Се уште нема договор за минимална пензија

Се уште нема договор во работната група која треба да ја одреди минималната пензија. Министерката Тренчевска не очекува дека до крајот на овој месец ќе се најде решение за ова прашање.

Најави дека најранливите категории пензионери ќе бидат опфатени со новиот пакет анти кризни мерки кој треба да биде готов следните денови.