„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет
Foto

„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена операта „Травијата“ од Џузепе Верди под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија).

Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон: Марјан Јованоски.

Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Диме Петров.

Сценографухаијата и костимографијата е на Софија Шнајдер од Германија, а кореограф е Саша Евтимова.

Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

0 Коментари

Остави коментари