Травари: Албанците во Македонија се дискриминирани
Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани, вели за Топ чанел градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Тој во интервјуто ги покажува промените кои се направени и кои треба да се постигнат во интеграцијата на Албанците.
– Одете во скопските населби, населени со Македонци, и ќе видите дека тој е град можеби меѓу најдобрите во регионот. Ако отидете во областите каде што живеат Албанци, на пример во Чаир, Бутел и Сарај, ќе видите дека сте во друг свет – истакна Таравари.
И покрај фактот што речиси половина од владиниот кабинет во Северна Македонија го сочинуваат министри Албанци, Таравари вели дека дискриминацијата е очигледна.