Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме

11 милијарди долари потрошила америка во првата недела од војната со иран. Повикувајќи се на извори од Пентагон, американските медиуми тврдат дека реалната бројка е многу поголема бидејќи не се вклучени и трошоците кои САД ги имале за подготовка на конфликтот.

Од Пентагон, претходно соопштија дека околу 5.6 милијарди долари биле потрошени само во првите два дена од нападот врз Иран...

Војната на блискиот исток продолжува со несмален интензитет..Иран нападна цели во Израел, Ирак, Бахреин и Оман...Погодени се енергетски постројки и пристаништа во регионот...Цената на нафтата на светските берзи повторно се искачи на повеќе од 100 долари,  но голем проблем претставува и снабдувањето со други производи кои доаѓаат од блискиот исток..

Џефри Кари - Директор за стратегија во Carlyle Energy Pathways.

„Нарушени се глобалните синџири на снабдување. Ова не се однесува само на нафтата. Станува збор за гас, ѓубрива, метали, петрохемикалии. Списокот е голем. “

Доналд Трамп пак тврди дека САД веќе се победници во војната со Техеран но не сакаат судирот да заврши додека не ги исполнат сите цели...Најави и дека ќе ги намали стратешките резерви на нафта кои ги има, за да не се зголеми цената на горивото во земјата...

..изјава Доналд Трамп – претседател на САД

„Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме . Во првиот час се заврши. Не сакаме да си одиме предвреме, нели. Мора да го завршиме она што го започнавме. Не сакаме да се враќаме на секои две години. “

И покрај секојдневните напади од САД и Израел, Иран тврди дека нема да се предаде..претседател Масуд Пезешкијан ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари ...

Масуд Пазешкиан – претседател на Иран

„Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија “

Покрај со Иран, израел истовремено е во војна и со Хезболах...Министерот за одбрана, Израел Катц порача дека армијата ќе изврши целосна инвазија врз Либан ако владата не се справи со Хезболах.. Пораката на израелската влада следува откако за Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила координиран напад со Хезболах врз северен Израел...Во изминативе 24 часа, речиси 180 лица биле хоспитализирани...

Израел Кац – министер за одбрана на Израел

„Хезболах започна жестоки напади врз Државата Израел. Го предупредив претседателот на Либан дека ако либанската влада не знае како да ја контролира територијата и да го спречи Хезболах да се заканува и да пука кон Израел, ние ќе ја заземеме територијата и ќе го направиме тоа сами.“ 

Амбасадорите од земјите од Персискиот Залив соопштија дека во последните 12 дена, тие велат дека биле цел на 950 ирански ракети и 2.500 дронови..Тврдат дека нападите не биле насочени кон воени локации, туку кон станбени згради, аеродроми, енергетски инсталации и друга критична цивилна инфраструктура.