Трамп воведе царини за осум европски држави поради Гренланд

„Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска ќе подлежат на царина од 10% за сите добра што ги извезуваат во САД од први февруари. На 1 јуни, царината ќе биде зголемена на 25%“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој кажа дека мерката ќе остане во сила сѐ додека не се постигне договор за целосно преземање на Гренланд од страна на САД.

Светскиот мир е во прашање! Кина го сака Гренланд и нема ништо што Данска може да направи во врска со тоа“, кажа Трамп, тврдејќи дека Гренланд е заштитен само од две санки со кучиња.