Трамп со обвинувања до Кина заговор против САД
Американскиот претседател Трамп го обвини кинескиот колега Шји Џинпинг дека прави заговори против САД со лидерите на Русија и Северна Кореја. Трамп се огласи додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, на која Кина ги претстави своите најнови оружја, вклучувајќи нуклеарен интерконтинентален балистички проектили.
Трамп на неговата мрежа „Truth Social“ го потсети кинескиот лидер за помошта која САД ја дале за неговата држава.
- Големото прашање што треба да се одговори е дали претседателот Си ќе го спомене огромната поддршка што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да ја обезбеди својата СЛОБОДА од еден странски освојувач. Многу Американци загинаа во потрагата на Кина по Победа и Слава. Се надевам дека тие со право ќе бидат Почитувани и Запаметени за нивната Храброст и Жртва! Нека претседателот Си и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам пренесете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун, додека кроите заговор против Соединетите Американски Држави. - Доналд Трамп, претседател на САД.
Кремљ ја коментираше последната изјава на Трамп и кажа дека никој не прави заговори против САД.
Јури Ушаков, советникот за надворешна политика на Кремљ - „Путин, Шји и Ким не ни размислуваат за заговор против САД, тие ја разбираат улогата на Вашингтон во сегашната меѓународна ситуација“.
Трамп во вторникот кажа дека не е загрижен за формирањето на оската помеѓу Русија и Кина. „Америка ги има најмоќните воени сили во светот, тие никогаш нема да ги користат своите воени сили против нас. Верувајте ми, тоа би било најлошото нешто што некогаш би можеле да го направат“, порача американскиот престедател.

