Трамп: САД не треба да го купува островот, туку да го преземе
Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка - ако не го земеме, Русија или Кина ќе го земат - изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Порача дека САД не треба да го купува островот, туку да го преземе , затоа што според Трамп, на арктичката територија и недостасува соодветна одбрана, додека руски и кинески подморници има насекаде.
На прашање за потенцијални импликации врз НАТО, Трамп кратко порача – нека влијае, тие имаат поголема потреба од нас и потенцираше дека ја спасил Воената алијанса.
Доналд Трамп претседател на САД – Гренланд не сака да ги види Русија и Кина да го преземат. И одбраната на Гренлад, всушност е две кучиња и санка. Го знавте тоа? Знаете која е нивната одбрана? Две кучиња со санка. Во меѓувреме имате руски разорувачи и подморници и кинески разорувачи и подморници, насекаде околу. Нема да дозволиме тоа да се случи . Ако ова влијае на НАТО, нека влијае на НАТО. Но, знаете што, ние им требаме повеќе нив, оттколку тие нас.
По изјавата на Трамп , стигна порака од официјален Пекинг – САД да не ги користи другите земји како изговор за сопствените интереси.
Мао Нинг портпаролка на МНР Кина - Активностите на Кина на Арктикот се насочени кон промовирање на мирот, стабилноста и одржливиот развој во регионот и се во согласност со меѓународното право. Правата и слободите на сите земји да спроведуваат активности на Арктикот во согласност со законот треба целосно да се почитуваат. САД не треба да ги следат своите интереси користејќи други земји како изговор.
Земјата е пред пресвртница и судбоносен пресврт, изјави данската премиерка.
Мете Фредериксен премиерка на Данска - Ако се случува сојузник да му се заканува на друг сојузник, тогаш сè се доведува во прашање. Постојат многу работи на кои нема да одговарам јавно. Земјата се наоѓа на пресвртница и во судбоносен момент.
Гренландците не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, порачаа во заедничка изјава премиерот на Гренланд , заедно со лидерите на сите парламентарни партии.
Заедничка изјава на гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен, заедно со лидерите на сите парламентарни партии - Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци. Иднината на Гренланд мора да ја одлучат Гренландците. Ниту една друга земја не може да се меша во ова. Ние самите мора да одлучиме за иднината на нашата земја - без притисок да донесеме брза одлука, без одложување и без мешање од други земји.
Во меѓувреме Германија ја засилува улогата на Арктикот по заканите на Трамп за преземање на Гренланд. Порачаа дека официјален Берлин ќе ги зголеми своите обврски во арктичкиот регион и дека Безбедноста на Арктикот станува се поважна и е дел заеднички интерес во НАТО.

