Трамп преживеа обид за атентат врз него на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија
Доналд Трамп преживеа обид за атентат. 20 годишен снајперист Томас Метју Крукс го рани кандидатот за претседател на САД, откако пукаше во него за време на предизборен митинг во Бател- Пелсинванија.
Поранешниот претседател на САД Трамп во атентатот е погоден на десната страна на увото кое според видеата се гледа дека му крвари. Сепак Трамп не е сериозно повреден и е итно евакуиран. Тој се огласи по нападот, и кажа дека неверојатно што таков чин може да се случи во неговата земја. Неколку часа откако во него беше пукано тој со авион слетал во Њу Џерси. Напаѓачот и еден од посетителите на толпата се убиени. Покрај двајцата загинати, едно лице е во критична состојба.
- Нашиот тим за собирање на докази е на терен, техничари за бомби и имаме дополнителни ресурси кои доаѓаат од други теренски канцеларии, како и од седиштето на ФБИ, вклучувајќи ги и нашите тимови за одговор од Квантико, Вирџинија. - изјави Изјава Кевин Роџек, специјален ангент на ФБИ.
Атетнаторот пред да пука кон Трамп бил качен на кров од зграда со снајпер и бил оддалечен на помалку од 200 метри од подиумот. ФБИ потрврди дека лицето кое пукало е 20-годишниот томас метју крукс. Кој пред да го изврши атентатот објавил видео дека го мрази Доналд Трамп.
- Јас сум Томас Метју Крукс! Ги мразам републиканците, го мразам Трамп и погодете што? Имате работа со погрешниот човек. - рече Томас Метју Крукс.
Крукс бил забележан од Грег Смит кој присуствувал на настанот, тој им укажал агентите, дека лице стои на покрив од зграда, но тие не реагирале..по кратко време се слушнале истрелите.
- Стојам и покажувам кон него, знаеш, 2 или 3 минути. Тајната служба не гледа од врвот на шталата. Покажувам на тој покрив што само стои вака. И следното нешто одекнаа пет истрели. Значи си сигурен дека истрелите дошле од тој човек на покривот? Апсолутно, 100 отсто. - изјави Грег Смит очевидец.
Истражителите заплениле пушка АР-15 по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, Полуавтоматска пушка која главно ја произведува Колт. За разлика од воената верзија, АР-15 нема можност за континуиран оган, но искусните стрелци сепак можат да испукаат голем број истрели за многу кратко време.
Јавностае шокирана од овиј немил настан. Се бараат одговори како потфрлила безбедносната служба за да се дозволи атантаторот да се доближи на помалку од двесте метри од Диналд Трамп и да пука во него. Обидот за атнетат врз Трамп се случи на завршницата од НАТО самитот каде фокусот беше безбеднсоната состојба во светот и ризиците пред кои е исправен НАТО. Ова е трет обид за атентат врз претседател или претседателски кандидат во поновата историја на САД.