Трамп планира уште првите денови во Белата куќа да потпише стотина извршни наредби

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише повеќе од сто извршни наредби во првите денови од неговиот нов мандат за да ги спроведе ветените политики во кампањата поврзани со безбедноста на границите, депортациите и другите приоритети.  

Трамп ова им го кажа на републиканските сенатори за време на приватна средба во Конгресот. Се очекува голем дел од указите да бидат потпишани на денот на неговата инаугурација на 20 јануари. Главниот советник на Трамп, Стивен Милер, им ги претстави на сенаторите мерките што прво ќе се преземат.