Трамп: Ормускиот Теснец ќе биде територија на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран и, како што самиот рече, неговиот „пораз“, ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави.
Трамп ова го кажал за време на говор во полициската академија во округот Насау, во Гарден Сити, на Лонг Ајленд. Изјавата ја дал со насмевка, па не е јасно дали станува збор за сериозна најава на политика или провокативна изјава.
„Откако ќе завршиме со поразот на Иран, кој трпи тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рекол Трамп.

