Трамп оптимист пред преговорите со Иран во Пакистан

Пакистан се подготвува за средбата меѓу САД и Иран. Војската е на улиците на Исламабад и забранет пристап до делот од градот каде треба да се сретнат двете делегации. Белата куќа не открива детали за форматот на разговорите, дали ќе бидат директни или индиректни, и не прецизираат што конкретно се очекува од состанокот.

Преговорите се сметаат за клучни за стабилизација на регионот, во услови на кревко примирје и зголемени тензии околу безбедноста на ормутскиот проток. 

ЏД Венс – попретседател на САД

„Ако Иранците се подготвени да преговараат со добра намера, ние секако сме подготвени да подадеме рака за соработка — тоа е едно. Ако се обидат да не изиграат, ќе увидат дека преговарачкиот тим нема да биде толку отворен за тоа.“

Иранската државна телевизија објави порака на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во која се наведува дека Техеран ќе бара надомест за сите воени штети...Во пораката објавена по повод 40 дена од смртта на неговиот татко и претходник, новиот верски лидер на Иран тврди дека не сака војна, но дека нема да се откажат од своите права...И од Иранското МНР порачуваат дека ако САД сакаат преговорите да завршат успешно, војната мора да заврши и во останатите делови од Блискиот Исток. 

Маџид Тахт Раванчи заменик министер за надворешни работи на Иран

„Загубата на Големиот водач на револуцијата беше огромен удар за Иран. Сепак, моќните вооружени сили на Иран, со непоколеблива поддршка од нацијата, им наметнаа пораз на американските и израелските агресори, принудувајќи ги да го променат својот стратешки став кон Исламската Република.“  “

Хезболах пак отфрла мировни преговори со Израел...Либанската организација ја повика владата да побара прекин на огнот како предуслов , пред преземање какви било други чекори. 

Али Фајад – пратеник на Хезболах во Либанското собрание

„Повторуваме дека ги отфрламе сите преговори меѓу Либан и израелскиот непријател, како и потребата да се почитуваат националните принципи, пред сè повлекувањето на Израел, прекинот на непријателствата и враќањето на жителите во нивните села и градови. “ 

Либанските власти се обидуваат да се справат со последиците од Израелскиот напад во кој загинаа повеќе од 250 лица...Спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините и се борат да дојдат до преживеани додека болниците во Бејрут се преполни со повредени...Според Либанските медиуми, неколку амбулантни и противпожарни возила биле погодени денеска во нов напад израелската армија на југот на државата...

 Раби Кошок – жител на Бејрут

„Мислев дека сум мртов. Не знам што точно се случи. Видов силна светлина и некој како паѓа до мене. Беше мртов. Сакам да знам зошто се случи тоа.  “

д-р Ваел Јарос

„Денеска беа донесени 70 повредени. За жал двајца веќе починаа. Ова не уништува психички, но мора да останеме смирени за да можеме да им помогнеме на сите кои доаѓаат тука. “

Војната на Блискиот Исток веќе доведе до присилно раселување на повеќе од 4 милиони лица, соопшти Светската здравствена организација...Според најновиот извештај, во војната досега загинаа приближно 4.100  лица, а повеќе од 45 илјади се повредени во регионот од почетокот на американско-израелската војна против Иран кој почна кон крајот на февруари.