Трамп објави „трговска војна“ на Европа и на Кина, ќе има ли економски последици за Македонија
Американскиот претседател Доналд Трамп доби експресен одговор за неговата даночна надворешна политика. Веднаш по најавите дека производите кои ќе се увезуваат во Америка од Европа, Кина и Канада ќе добијат дополнителни 10 отсто царина наиде на контра офанзива од засегнатите страни. Никој нема да седи со скрстени раце и сите ќе си го бранат своето, му порачаа на Трамп од Европската унија,
Валдис Домбровскис Европска комисија:
„Ако има потреба да ги браниме нашите економски интереси, ќе одговориме на пропорционален начин. Подготвени сме да ги браниме нашите вредности, но и нашите интереси и права доколку тоа стане неопходно. “
Речиси идентичен одговор Трамп доби и од Пекинг и од Отава. Од новите такси кои ги најави американскиот претседател имуна нема да остани ниту Македонија. САД е една од најдобрите бизнис партнери на земјава, и меѓу водечките држави по нивото на инвестиции во државава. Последните официјалните податоци велат дека од јануари до ноември лани од земјава во САД е извезена стока во вредност од близу 90 милиони евра. Во исто време увезената стока од Америка во Македонија изнесува 166 милиони евра. Сепак од бизнис секторот сметаат дека земјава нема да добие силен економски удар од новите такси кои се подготвуваат во Белата куќа.
Трајан Ангеловски претседател на Сојуз на стопански комори:
„Треба да се види конкретно во кој дел ќе се однесуваат тие такси прво дали ќе бидат воведени само кон Европаката унија или кон целиот европски континент. Межутоа само ако една среќа во целата таа несреќна ситуација мислам дека немаме ние преголем извоз во САД и така да очекуваме да за сега да нема некое негативно влијание целата таа работа. “
Поранешниот амбасадор Нано Ружин за телевизија 24 вели дека не само непријателите на САД, свои одбранбени политики веќе имаат подготвено и партнерите на најмоќната држава во светот.
Нано Ружин екс амбасадор:
„Тој најавува ревизија или ревизионизам на актуелниот либерален економски систем, најавува ревизија на трговските односи што наидува на, можеби не страв, меѓутоа внатерешна реакција на Европската Унија. Дури ЕУ пред некоја недела формирала посебно тело да види како ќе се соочи со сите овие опасности кои им се во моментов.“
Најголем удар од новите политика на Америка ќе има германската економија. Трамп има план да ги забрани во САД електричните автомобили кои се произведуваат во најмноќната европска економија која е во најголема економска криза по втората светска војна. Со самото тоа што кризата во Германија ќе се продлабочува, ќе се зголемува и ризикот од зголемени последици и на македонската економија која најголемиот дел од меѓународната трговија ја има токму со Германија. А од Стопанската комора на Германија во Македонија за ТВ 24 велат дека се уште е рано да се предвиди дали и колкав удар би имала Германската економија од најавените царини кои ги најави американскиот претседател.