Трамп не се откажува ни пред гласањето на Електорскиот колегиум
Foto

Трамп не се откажува ни пред гласањето на Електорскиот колегиум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжува да ги оспорува резултатите од претседателските избори, обидувајќи се да го минира изборниот колеџ што официјално ќе го потврди неговиот пораз денеска.

За Фокс Њуз, Трамп повтори дека изборниот спор „не е завршен“. Интервјуто се емитуваше во синоќа, а снимено во саботата.

– Ние ќе продолжиме да го правиме тоа, нагласи тој.

Дури и Врховниот суд во петокот, ги отфрли обидите на Трамп да ги оспори изборните резултати, кои ги доби демократот Џо Бајден. Бајден освои 306 изборни гласови, а Трамп 232. Бајден доби седум милиони гласови повеќе.

Трамп не кажа за Фокс дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари и инсистира на тоа дека изборите биле украдени, иако нема докази за тоа.

Со тоа, тој толку ги радикализираше своите приврзаници што во саботата избувнаа насилни судири во Вашингтон. Радикалните Горди момци (Proud Boys) се судрија со противниците. Десетина лица беа уапсени, а четворица се тешко повредени.

0 Коментари

Остави коментари