Трамп на посета во Велика Британија
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска патува во Велика Британија на втора државна посета на која двете земји ќе склучат договори вредни повеќе од 10 милијарди долари, што претставува обновување на „специјалниот однос“ што премиерот Кир Стармер сака да го поддржи, јавува Ројтерс.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, и британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, ги водеа настаните пред пристигнувањето на Трамп, најавувајќи „трансатлантска работна група“ за продлабочување на соработката меѓу два од најголемите финансиски центри во светот.
Потоа Трамп ќе биде пречекан од кралот Чарлс во среда, на еден ден помпезност во замокот Виндзор, кралска демонстрација на мека моќ за која Стармер се надева дека ќе му понуди заштита од можни стапици за време на патувањето.

