Трамп: Мексиканските наркокартели ќе бидат етикетирани како терористи
Foto

Трамп: Мексиканските наркокартели ќе бидат етикетирани како терористи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мексиканските наркокартели ќе ги окарактеризира како терористи поради нивната улога во трговијата со дрога и со луѓе.

– Тие ќе бидат обележани… Работам на тоа последните 90 дена. Знаете, тоа не е лесно. Мора да поминете цел процес и ние тоа го правиме, рече Трамп во интервју со конзервативниот новинар Бил О”Рали, кое се емитуваше вчера.

Министерот за надворешни работи на Мексико во понеделникот изјави дека не очекува САД да го направат тоа.

0 Коментари

Остави коментари