Трамп ќе соработува и со диктатори, доколку инвестираат во САД
Foto

Трамп ќе соработува и со диктатори, доколку инвестираат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека е подготвен да разговара со сите, па дури и со диктатори, доколку тоа може да биде од корист за американската економија, јави Си Ен Би Си.

Во говор во Њујорк, Трамп ја пофали „здравата состојба на економијата“, како и својата способност да привлече странски инвестиции.

– Сите се враќаат во САД. Многу е едноставно – сакаат да бидат онаму каде сè се случува. Се среќавам со лидери од целиот свет – со кралици, кралеви, премиери, претседатели и диктатори. Со сите, рече американскиот претседател.

– Сите сакаат да дојдат. И диктаторите сакаат и тоа е во ред – се додека е добро за САД, истакна Трамп со насмевка, дополнувајќи дека често неговите соговорници му честитаат на економските резултати.

0 Коментари

Остави коментари