Трамп: Ќе испратиме астронаути на Марс
Новиот американски претседател Доналд Трамп на инаугурацијата најави испраќање астронаути на Марс.
- Ќе ја следиме нашата очигледна судбина до ѕвездите, наведе Трамп.
Еден од најблиските советници на Трамп е технолошкиот милијардер Илон Маск, чија вселенска компанија „Спејс Икс“ (SpaceX) долго време има цел за испраќање астронаути на Марс.
Трамп, исто така, посочи дека САД повторно ќе бидат растечка нација.
- САД повторно ќе се сметаат себеси за растечка нација, која го зголемува нашето богатство, ја проширува нашата територија, ги гради нашите градови, ги подига нашите очекувања и го носи нашето знаме, во нови и убави хоризонти, истакна Трамп.