Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно

Од брз крај на војната до закани за уште посилни напади врз Техеран ако Иран продолжи со блокадата на Ормутскиот теснец. Донал Трамп ги предупреди Иранските власти дека е подготвен да го зголеми притисокот за да ги постигне целите.

Доналд Трамп – претседател на САД

„Операцијата во Иран е огромен успех. САД се уште имаат мети во Иран, но тие би можеле да бидат уништени за еден ден. Војната би можела да заврши многу скоро. Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта низ Ормускиот Проток, тие ќе бидат погодени од САД дваесет пати посилно отколку што беа погодени досега. Дополнително, ќе уништиме лесно уништливи цели, што ќе го оневозможи Иран повторно да се изгради како нација. “ 

Од исламската револуционерна гарда му порачаа на Трамп дека Иран а не САД ќе одлучат кога ќе заврши војната...Тврдат дека пораките кои доаѓаат од американскиот претседател, се обид да најде излез од конфликтот за да може пред домашната јавност да се престави како победник.. Додека во Иран се оддржуваат големи маршеви за поддршка на новиот врховен лидер , армијата продолжува со нападите врз заливските држави ...

Бригаден генерал Али Мохамад Наин – портпарол на Исламската Револуционерна гарда

Ние сме тие што ќе го одредат крајот на оваа војна... Знаеме дека вашата муниција ќе се потроши и дека барате излез од војната. Зошто не му ја кажете вистината на американскиот народ? Трамп не сака Американците да знаат дека целата американска воена инфраструктура во регионот на Персискиот Залив е уништена.“

Војната со Иран, почнува се посилно да се чуствува и во Израел..Тамошното министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа, речиси 200 лица биле хоспитализирани...Меѓу нив има војници и цивили...Од почетокто на војната преку 2000 лица се повредени ..Војската пак ги засилува нападите врз Иран и Либан ...

Џошуа Зарка – амбасадор на Израел во Франција

„Не можам да ви кажам колку недели ќе трае војната. Но нашите цели не се променети. Собранието на експерти избра некого, но не знаеме какви се неговите цели или каков е неговиот однос со Револуционерната гарда. Но ако продолжи да го следи истиот пат на својот татко, и тој ќе биде додаден на списокот на оние што мора да бидат елиминирани.

Претставниците на Републиканската партија на Доналд Трамп, го засилуваат притисокот врз заливските држави ...сенатор Линдзи Грем, ги критикуваше сојузниците на вашингтон, пред се Саудиска Арабија и Обединетите Арапоски Емирати, дека одбуваат да се вклучат во војната со Иран...

Линдзи Греем - сенатор

Ни требаат партнери кои ќе застанат до нас во борбата што не можеме да си дозволиме да ја изгубиме.Имам порака до нашите арапски пријатели, се обидов да ви помогнам да изградите нов Блиски Исток. Сега треба и вие повеќе да се потрудите.

Ирачката влада пак соопшти дека го зголемила бројот на војници долж границата со Иран поради стравувања војната да се прелее и на нивна територија....Американските медиуми остануваат на тврдењето дека дека курдите кои живеат во пограничниот регион, би можеле да почнат со напади врз Иран, и покрај тоа што Трамп негираше дека такво нешто би можело да се случи..