Трамп ја суспендира имиграцијата во САД
Foto

Трамп ја суспендира имиграцијата во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за суспензија на имиграцијата во САД.

Трамп претходно изјави дека таквата одлука е поради епидемијата со новиот коронавирус и да го заштити американскиот пазар на труд.

Претходно, Демократската партија тоа го оцени како обид на Трамп да го сврти вниманието на јавноста од неговото бавно и лошо управување со кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19.

Влезот во САД поради епидемијата во голема мера е оневозможен, границите се затворени, а авиосообраќајот е забранет, поради што одлуката на Трамп се толкува како обид да се охрабри неговото избирачко тело.

 

Претходно, американската администрација претходно најави олеснителни услови за добивање на привремени работни визи за сезонските земјоделски работници.

0 Коментари

Остави коментари