Трамп го отфрли предлогот на Иран
Воената криза на Блискиот Исток повторно ги потресе светските финансиски пазари. На повеќето азиски берзи во понеделникот паднаа цените на акциите, додека цените на нафтата нагло пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека иранскиот одговор на американскиот предлог за завршување на војната е „целосно неприфатлив“.
Во исто време, инвеститорите стравуваат од дополнително влошување на состојбата, особено поради продолжувањето на блокадата на Ормускиот Теснец, еден од најважните правци за транспорт на нафта од Персискиот Залив.
Ормутскиот Теснец е еден од клучните светски премини за транспорт на нафта и течен природен гас, па секоја закана за неговото функционирање веднаш се одразува врз цените на енергенсите и ги зголемува стравувањата од нов инфлаторен притисок.

