Трамп ги продолжи препораките за физичко дистанцирање за 30 дена
Foto

Трамп ги продолжи препораките за физичко дистанцирање за 30 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја продолжи препораката за социјално (физичко) дистанцирање низ целата земја за 30 дена, откако експертите предупредија на опасноста од ширење на новиот коронавирус.

Првите 15 дена од препорачаната социјална дистанца изминуваат денеска.

Препораките ќе важат и за Велигден, кој паѓа на 12 април, до кога Трамп се надеваше дека земјата и нејзината економија ќе продолжат да функционираат со полн капацитет..

Многу државни и локални самоуправи воспоставија строги контроли на движењата и собирите на граѓаните.

Препораки на сојузно ниво се однесуваат на собири на поголеми групи, а на постарите лица или на оние со хронични здравствени проблеми им се советува да останат дома. Од луѓето е побарано да работат од дома ако е можно и да избегнуваат ресторани, барови и патувања и шопинг.

 

Досега се потврдени повеќе од 142.000 случаи на заразени во таа земја, од кои починаа над 2.400 лица.

0 Коментари

Остави коментари