Трамп: Барам итен процес во Сенатот
Foto

Трамп: Барам итен процес во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека бара да се спроведе итен процес во Сенатот.

Тој ја даде изјавата откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси истакна дека нема да ја поднесе процедурата за импичмент до Сенатот додека не дознае како републиканците планираат да продолжат во Горниот дом.

 

– Откако демократите не ми овозможија праведен процес во Претставничкиот дом – без адвокати, без сведоци, без ништо, сега се обидуваат да му кажат на Сенатот како да го организира својот процес. Барам итен процес!, напиша Трамп.

0 Коментари

Остави коментари