Трајковски за тв 24: Задолжителната вакцинација ќе биде сведена на право на избор

Владимир Трајковски од „Родина Македонија“ во емисијата 24 анализа рече дека најважните работи за кој ја бара довербата од граѓаните на изборите е ослободување на градот актуелните ковид мерки.

- Граѓаните се против овие сегригирачки мерки. Мојот правен тим веќе работи на тој проект, ќе ја вратиме слободата на граѓаните, задолжителната вакцинација ќе биде сведена на право на избор. Ќе бидат санкционирани сите сопственици на компании и фирми кои ги уценуваат вработените да примат вакцина. Скопје да е ослободено од сензитивно родово образование на Мила Царовска. - вели Трајковски.