Трајковски за „Студио 10“: Имам притисоци, но компромис нема да има - сите кои не почитуваат ќе бидат казнети

Сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои во изминатиот период беа дел од работата на ДПИ со тоа што пријавуваа нерегуларности во пазарниот инспекторат на телефонскиот број 02 191 кој функционира 24 часа секој ден во неделата. Во мое лично име и во име на пазарниот инспекторат сакам да изразам благодарност и до сите општествено одговорни компании, производители и снабдувачи на вода, газирани и негазирани пијалоци, како и на маркетите кои ги почитуваат одлуките за намалување на цените, но исто така како општествено одговорни компании ги намалија цените и на други производи. - вели за „Студио 10“ Горан Трајковски.
 
- Во изминатите 10 дена сите ние се уверивме дека секој оној кој нема да ја почитува владината мерка ќе биде казнет, а секој оној кој ќе применува нечесни трговски практики ќе биде затворен и тука нема за никого компромис. Така ќе биде и во иднина. Нема да има компромис и ќе биде казнет секој што не ги почитува мерките и одлуките на Владата. Од 19 септември до денес, направени се над 550 надзори, издадени се 32 налози – казни во висина од 6.320.000 денари. Казните се издадени за непочитувње на Одлуката, но и за примена на нечесни трговски практики за што постапуваме по Закон за заштита на потрошувачи. Затворени се 10 маркети во Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Кавадарци, Тетово, Струга. Имам притисоци, но сите кои не ги почитуваат овие одлуки ке бидат казнети. Истакнувам дека секој оној кој нема да ги почитува владините одлуки ќе биде казнет по Законот за трговија, а секој кој на било начин ќе ги доведе во заблуда потрошувачите односно граѓаните ќе биде затворен без компромис по Законот за заштита на потрошувачите, а доколку го повтори прекршокот ќе биде затворен на подолг временски. Сите заедно треба да функционираме и да градиме правичен систем во нашата држава, а оние кои не сакаат да бидат дел од тој систем ќе бидат казнети без селекција и без компромис по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат. - вели Трајковски.