Трајкова за „Студио 10“: Малку поинаков 8 Март во Свети Николе, под слоганот „Прегрни ја солидарноста“
Во организација на општина Свети Николе како дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna-Шведска и поддршка на општина Свети Николе и Дом на култура „Крсте Мисирков“ ке се одржи настан по повод 8-ми март, денот на дежната.
Во гостување за „Студио 10“, Елена Трајкова - членка на НИКАвели дека ова е прв ваков настан во Свети Николе во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 Март.
- Како културна алтернатива за една женска вечер која ќе ве насмее и ќе ги презентира на поинаков начин стереотипите кон жената, дискриминацијата во општеството, но и солидарноста и еднаквоста, го организиравме овој настан на кој учество ке земе и стенд-ап режисерката и стенд-ап комичарка Софија Ристевска.
Настанот ќе се одржи на 7 март 2023г. во Градска библиотека при Дом на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе со почеток од 19 часот.