Трајков во Аргумент плус: Очекувам успешна средба со Калас

Заменик министерката за Европски прашања Викторија Трајков во Аргумент плус рече дека очекува средбата со Калас да биде успешна. Според неа, македонските и бугарските министерства се во постојан контакт и разговараат.

„Ќе има премиерот средба со Калас и очекувам дека ќе биде успешна. Она што е важно е дека очекуваме да помогне во процесот. Сметам дека ќе се отворат теми и ќе и ја раскажеме нашата приказна и ќе ги кажеме нашите аргументи кои што се и присутни во јавноста. Она што го видовме од Министерството за надворешни работи на Бугарија е дека уставните измени не се единствена пречка така што ние остануваме на нашиот став и не се поместуваме од нашите позиции. Ставот на премиерот е повторен и од министерството за надворешни работи и тоа ќе биде презентирано и на таа средба“, рече Трајков. 

Таа рече и дека ставот на владата е дека европскиот пат е единствена опција за Македонија. Објасни и дека македонската и бугарската влада се во постојан контакт. 

„Премиерот и владата која доби поддршка од граѓаните јасно кажа кои се нашите црвени линии. Мојот личен став е дека мора да се стекне доберба и уривање на табуата. Постојано имаме комуникација со надлежните министерства и нашиот дел го кажуваме постојано. Во тој домен работиме и да ги надминеме разликите. Постојат неколку можности и сите тие содржат една клучна работа а тоа е да има меѓусебна почит. Мојот личн ства и на  владата е дека европскиот пат е единствената опција на која работиме“, додаде Трајков.