Трајков: Ова сега кај нас не е капитализам, ова е грабизам
Foto

Трајков: Ова сега кај нас не е капитализам, ова е грабизам

„Земјата ни е во слободен пад, имаме проблем на сите страни, имаме многу сиромаштија, имаме нефункционална демократија, сите тие проблеми сметаме дека може да донесат до распад на државата. Сметавме дека требаше да се вклучиме во процесот. Граѓанскиот активизам е добар, но од друга страна политичките партии немаат внатрепартиска демократија. Лимитирани се можностите на поединци кои сакаат да внесат промени. Во такви услови ние одлучивме да формираме нова граѓанска партија, засега е само иницијатива, јануари и февруари ја составувавме политичката идеологија. Минатиот месец го зголемувавме јадрото, засега сме 30-тина луѓе. Замислата ни е нашата партија да е поразлична политичка понуда. Истрошени партии се менуваат 30 години. Сакаме да формираме вистинска граѓанска партија, да ја воведеме почитта, треба да градиме силна и многубројна средна класа, да станеме економски силна држава, само така ќе можеме и во другите делови во општеството да делуваме. Ова сега кај нас не е капитализам, ова е грабизам, се разграбуваат ресурсите“ - вели Јордан Трајков - претседател на Иницијативниот одбор за „Граѓански фронт".

0 Коментари

Остави коментари