Трајко Вељаноски на распит во Обвинителство за случувањата од „27 април“
Екс-претседател на Собрание, Трајко Вељаноски денеска е во Обвинителство на распит за организација на нападот во Собранието од 27 април 2017 година.
Вељаноски на 20 февруари годинава беше приведен под сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
За него судија на претходна постапка побара притвор, но во Собранието се гласаше и пратеничкиот имунитет го спаси Вељаноски да остане да се брани од слобода.