Трајче Заев демантира дека комбето со марихуана е на фирма на Заеви
Foto

Трајче Заев демантира дека комбето со марихуана е на фирма на Заеви

Трајче Заев - братучед на македонскиот премиер Зоран Заев, чие име опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поврза со заплената на марихуана вредна 800.000 евра на својот профил на Фејсбук наведе дека изнесените работи не се точни.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, напиша Трајче Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ,пак, прашаа дали Трајче Заев побегнал во Дубаи.

„Запленетата дрога била превезувана во бело комбе со грчки таблици, на име на фирма која што јавно прашавме дали има партнерски односи со фирма на Заеви“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Полицијата соопшти дека во акцијата се запленети 200 килограми марихуана, а Обвинителството поднесе кривични пријави против шест лица Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје.

0 Коментари

Остави коментари