Трајановски, академик Попов или професорката Мојсовска во трка за Скопје како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Трајановски, академик Попов или професорката Мојсовска во трка за Скопје како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Тврдо партиско решение или пак независен кандидат зад кого ќе застане Христијан Мицкоски. Во ВМРО-ДПМНЕ се кристализираат фаворите за главниот град.

Коце Трајановски, академик Живко Попов или професорката Никица Мојсовска - од нив Мицкоски ќе треа да го избере фаворитот кој што ќе му се спротистави на Петре Шилегов за Скопје.

За општините кои ВМРО-ДПМНЕ ги сметат за  сигурни - гази баба  и киела вода, речиси е извесен кандидатот. Боите на  Мицкоски во Гази Баба ќе ги брани Боби Стефковски, во Кисела вода, пак тесна битка меѓу советникот Орце Ѓорѓиевски и  претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Живковски.

Во општината каде Мицкоски сериозно смета дека неговиот фаворит ќе го замени Златко Марин, ќе трча Дејан Митевски, иако во игра беше и докторот Синиша Стојановски.

Во Ѓорче Петров ќе  трча лекар - се одлучува меѓу Александар Стојковски и Ленче Неловска . ВМРО-ДПМНЕ веќе официјално ги објави и фаворитите за Прилеп и Охрид. Во Охрид на Константи Ѓеоргиевски ќе му се спротистави пратеникот Кирил Пецаков, додека во Прилеп докторот Борче Јовчевски ќе види битка најверојатно со екс министерот Горан Сугарески.

Официјално од ВМРО-ДПМНЕ за тв 24 велат дека анкетите се се уште во тек и дека и наскоро партијата ќе ги објави потврдените кандидати. 

Според неофицјалните информации, во ВМРО-ДПМНЕ паралелно  се преговара и за можна коалиција со опозицијата од албанскиот блок, но повеќе информации не се откриваат.

И додека Мицкоски преговара, Заев по средбата со Ахмети порелаксиран. Од Штип каде тргна во неформална кампања, порача дека владата му е стабилна, и покрај фактот што третиот коалициски партнер Билал Касами  одби да влезе во неговата коалиција на локално ниво.

Според информациите на тв 24 на вчерашниот состанок во Владата, Заев и Ахмети пуужиле рака за Скопје, односно ДУИ да го поддржи Шилегов во Скопје, а за возврат Зеав да испорача в опрвиот круг во Чаир, Сарај и Кичево.

Од друга страна, како што веќе објави тв тв 24 во Тетово ако остане Теута Арифи, најверојатно Заев ќе извади кандидат, во Гостивар најверојатно ќе се трка Дритон Исмаили, додека не се исклучува Заев во првиот круг и во Струга да истрча со свој фаворот. Дека соработката ќе биде етапно порача и Заев.

Во ДУИ извесно е  дека за Чаир ќе трча Висар Ганиум, за Сарај Блерим Беџети, за Гостивар  Невзат Бејта, додека за Тетово покрај Теура Арифи, се споменуваат уште двајца кандидати. Додека од Мала Речица велат дека за Струга Рамиз Мерко е фиксен.

0 Коментари

Остави коментари