Трајанов за тв 24: Сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани
Foto

Трајанов за тв 24: Сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов во емисијата 24 анализа смета дека треба да има попис, зошто е потребно за планирање за натамошен развој на државата. Тоа не е спорно, но спорни се неколку моменти околу разгранучивање кое е резидентно население, а кое не.

„Мора да се одвои кои се тие кои живеат тука. Тоа беше клучна забелешка. Јас предложив ако е можно експерти од сите политички партии кои ќе ги повика директрото на Завод за статистика. пописот треба да добие поддршка од сите партии. Тоа што е пропуштено во законот, да се вгради во методологијата и таа ќе биде согласно сите стандарди.“ - вели Трајанов.

Трајанов рече дека со Рамковниот договор се затвораме во етнички гета и тоа ќе не подели. За него има многу коментиари до неговата партија, дека во услови на пандемија, не треба да има попис. Тој предлага сите кои ќе бидат вклучени во пописот, сите да бидат вакцинирани за да не се загрозува здравјето на граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари