Трајанов во Аргумент плус: Судот не смеел да ги искористи законските празнини и да го испрати Јованов во малолетнички затвор

Националниот координатор за борба против тероризам Павле Трајанов, во Аргумент плус рече дека судот не можел да си дозволи да користи законски празнини и да го испрати Васил Јованов во малолетнички затвор за неговите претходно сторени прекршоци.

Според него, потребно е судијата кој го дозволил ова да одговара.

„Момчето што ја уби Фросина, за него морало и мора да има мерки. За вакви ситуации МВР мора да разработи систем и ако лицето им е веќе познато тоа мора да биде забележано некаде. МВР мора да знае и да следи. Треба систем и стратегија за да се следи ова“, рече Трајанов и додаде дека МВР треба да реагира соодветно за да нема вакиви настани во иднина.

Тој потенцираше и дека потребни се и големи промени во МВР бидејќи, како што објасни тој, таму работат партиски кадри од кои голем дел се неспособни.

МВР има многу надлежности меѓу другото и да регулира сообраќај и треба да има систем како ќе функционира тоа, но ние имаме проблем со кадрите, и во МВР треба да има чистка, бидејќи тие се партиски кадри, најнеспособните кадри ние 20 години ги вработуваме таму. Нема кретаивно способни кадри“, изјави Трајанов 

Тој додаде и  дека потребно е да се вратат полицајците на улица со цел да имаат поголем увид во криминалот.