Трагедија во Кочани: Државата не инвестира во медицински сестри
Трагедијата во Кочани ја покажа солидарноста на здравствените работници во регионот, но и низ светот.
Голем број медицински тимови се вклучија во третман на повредените македонски пациенти.
На конфренција на медицински сестри од југоисточна Европа во организација на Унијата на медицински сестри „За нас“ денеска во Скопје беа дел од тимовите кои примија пациенти од земјава.
Мирјана Прибичевиќ – Главна медицинска сестра на Клинички Центар – Србија: „Седумнаесет деца дојдоа кај нас, од нив четворица беа пренесени во Ниш, останатите се добри, стабилни, не се на респиратор и се надеваме на најдоброто“.
Ана Тодорова – Медицинска сестра од Софија: „Многу се подобри, ние имавме и делегација од Македонија да ги видат“,
Адриано Фрегановиќ – Претседател на Европска организација на сестри специјалисти: „Она што ми е драго - колку сме сите поврзани во вакви ситуации стоејќи едни покрај други, сега ние сме со вас, но секогаш може да ни се случи и нам, важно е да бидеме едни покрај други“...
Од Унијата на медицински сестри велат дека токму во кризни ситуации се гледа колку е важно државата да инвестира во овој кадар, кој е дефицитарен низ македонските болници.
Според последните податоци од министерството за здравство 69 пациенти се уште се на третман надвор од земјава, а тројца се и натаму критични. Во македонските болници остануваат 15 тмина на лекување и сите кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.