Трагедија во Австрија, Македонец на паркинг пред маркет со нож ја убил сопругата
Foto

Трагедија во Австрија, Македонец на паркинг пред маркет со нож ја убил сопругата

Страшна трагедија ја потресе Австрија откако 36-годишен Македонец од скопско Ласкарци до смрт ја избодел сопругата на паркинг пред супермаркет во градот Тулин.

Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годиншната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот. Убиецот е уапсен.

Парот имал две малолетни деца, кои биле соодветно згрижени по убиството, чиј мотив дополнително ќе се истражува.

0 Коментари

Остави коментари