Трагедија на „Спа“ - загина францускиот пилот Антоан Убер
Foto

Трагедија на „Спа“ - загина францускиот пилот Антоан Убер

Несреќа со загубен човечки живот денеска го потресе тркачкиот свет откако младиот пилот во Формула 2, Антоан Убер настрада на патеката „Спа-Франкоршамп“ во Белгија. Убер почина откако во него со околу 270 километри на час удри колегата Хуан Мануел Кореа.

Ударот беше толку силен што двата болиди се преполовија, а Кореа се преврте. Младиот Французин Убер починал во болница, додека Кореа заработил скршеници на двете нозе, но е надвор од животна опасност.

Трката веднаш по несреќата била прекината.

Убер возеше за тимот  БВТ Арден, а сезонава двапати се радуваше на победа, во Монако и во Франција.

 

0 Коментари

Остави коментари