Трагедија кај Блаце: Пронајдени тројца мртви во превртен мерцедес откако биле пријавени за исчезнати

Преку системот „Безбеден град“ и со полициски дрон синоќа пронајдени се починати тројцата странски државјани кои за исчезнати беа пријавени вчера од косовски државјанин. 

Странците двајца државјани на Косово и еден од Турција загинале во сообраќајка. Возило со кое патувале излетало и се превртело на дел од автопатот Скопје - Блаце кој сè уште е во изградба и е затворен за сообраќај.

Семејството со нив не успело да стапи во контакт уште во саботата - откако тројцата со возило си заминале од Меѓународниот аеродром Скопје. 

Смртта кај патниците била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. На местото на несреќата бил извршен е увид од јавен обвинител и  екипа на СВР Скопје. По наредба на обвинителот, телата на починатите се дадени на обдукција која треба  да ги расветли причините за трагедијата.