Трае разногласието околу предлогот за укинување на ддв-то кај одредени прехрамбени производи
Опозицијата да ја преиспита понудената мерка за намалување на ДДВ-то дали е одржлива и е во корист на граѓаните но и државата, велат експеритет. Нивниот став е дека со парите што се собираат од ДДВ-то се полни државната каса и тие се повеќе од потребни за функционирање на институциите. Експертот за даноци Павле Гацов зад оваа мерка гледа скриерн популизам.
„Најдобро би било сите давачки да се укинат ддвето да е нула за сите производи би било идеално општество. Но се разбира некој треба да исфинансира здравство, образование, патишта, јавната администрација да им плати плата на пратениците и така натака и така натака така да популистичка е мерката и мислам дека е необмислена.“ - Павле Гацов експерт за ДДВ.
Елми Азири од Европскиот Фронт кои инакуи е и економист за тв 24 вели дека нема да го поДдржи овој предлог закон бидејќи таквите мерки создаваат нејаснотии на пазарот.
„Лично јас сметам дека не подржувам вакви мерки, особено не што се однесува до данокот на додадена вредност. Затоа што временскиот карактер на именување на даночните стапки за одредени производи и така натака само ќе создаде нејаснотија во пазарот, нејаснотија трговците и кај потрошувачите и се разбира трговците секогаш ќе најдат начин како да ги избегнуваат овие начини.“ - Елми Азири Европски фронт.
Одговорниот на СДСМ за економските политики Фатмир Битиќи смета дека токму намалувањето на ддвто во нивно време давало резултат.
„Законот поднесен сметаме дека вистински ќе помогне не на опозицијата не на поизицијата туку вистински ќе помогне на граѓаните за да им помогнеме за потрошувачката кошничка.“ - Фатмир Битиќи СДСМ.
Овој предлог закон на опозицијата доаѓа само неколку дена од кога заврши владината мерката за ограничување на маржите, која според синдикалната кошничка придонесе да се намалат трошоците на едно семејство за нецело евро на месечно ниво.
Економистите на неколку пати посочуваа дека куповната моќ на граѓаните ќе се зголеми само доколку се зголемат платите на работниците. Нема потреба од мешање на државата во пазарната економија.
Ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е дека нема да го подржат овој закон со образложение дека понуденото законско решение имало низа грешки и како таво не може да влезе во собраниска процедура. Од партијата додаваат дека речиси идентично такво решение кога биле во опозиција и предложиле на тогашната власт но, тогаш биле одбиени.