Традиционални „Странчинарски игри“
Foto

Традиционални „Странчинарски игри“

Жителите од подбеласичкото село Мокриево - Струмичко со традиционалните странчинарски игри ги гонеа злите духови и собираа храна за бериќетна година. На ова манифестација која прерасна како пагански карневал маскираните со тропање на звонци и калчки ги одржуваа обичаите и адетите во ова населено место со цел да се има здрава и бериќетна година.

Стотина маскирани лица продефелираа сред село каде се приготвуваше и традиционалниот качамак и колбаси за присутните. Се нудеше и топла ракија од странчинарските ѕвонци за кои се верува дека носат здравје.

Ова манифестација во струмичко Мокриево се оддржува за Василица во организирана форма по 12-ти пат и привлекува голем број посетители. Странчинарите во минатото шетеле за време на таканаречените некрстени денови и обезбедувале храна на сиромашните.

0 Коментари

Остави коментари