Традиционален гала концер за Василица со наслов „Легенди“
Foto

Традиционален гала концер за Василица со наслов „Легенди“

Од Swing and Jazz во 2009 па до најголемите музички поп и рок хитови на најголемите музички легенди и концертот Legends, традиционалниот Василичарски концерт, прерасна во бренд, за кој секогаш се бара билет плус, и претставува доказ дека домашната публика е жедна за музички спектакли и концерти, додека за ансамблот на НОБ една убава можност да се претстават пред јавноста надвор од класиката.

Со нов симфониски аранжман, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во придружба на оркестарот на операта и балетот, во изведба на солисти на НОБ, легендарните музички хитови на Мајкл Џексон, Тина Тарнер, Стинг, Квин и многу други, ќе го одбележат овогодишниот Василичарски концерт.

За Андријана Јаневска, која како солист на операта, во 2017 за празникот Василица одржа целовечерен концерт, насловен „Заборавени песни“ традиционалниот Василичарски концерт секогаш претставува вистинско задоволство. 

Со Василичарскиот концерт НОБ ја отвара новата сезона. Судејќи по интересот и рекордно брзо распродадените два Василичарски концерти за 12 и 13ти јануари, оваа година ќе биде навистина успешна за операта и балетот.

0 Коментари

Остави коментари