Товарен воз прегази двајца мигранти кај гевгелиско Миравци

Две лица утрово загинаа кај железничкатата пруга меѓу гевгелиско Миравци и железничката станица Клисура Демир Капија откако во нив удри товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија Трубарево.

МВР соопшти дека станува збор за мигранти чии идентите сеуште не е познат а според првичните информации двете лица лежела на пругата

- Денеска во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија - Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. - соопшти МВР.

Последниов период повторно се зголемува бројот на мигранти кои илегално ја преминуваат македонско грчкат аграница кај Гевгелија.. Во транзитниот центар Винојуг има 24 лица кои биле откриени на македонска територија без било какви документи за престој или транзит.

За првите пет и пол месеци од годинава спречени се 5 546 обиди за илегални преминувања на македонскат територија што е намалување за 22 отсто од истиот период од лани, соопшти МВР. Но за разлика од обидите за илегални преминвуања расте бројот криумчарење на мигранти во однос од истиот период од лани, Зголеме е бројот на кривичните дела, откриените сторители на криумчарење но и бројот на криумчарени мигранти чија дестинација им е најчесто земјите од ЕУ.