Тото Волф: Верувам дека Ферари ќе може да се бори за титулата во 2022 година
Foto

Тото Волф: Верувам дека Ферари ќе може да се бори за титулата во 2022 година

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека Ферари ќе се бори за шампионската титула следната сезона во Формула 1.

– Верувам дека Ферари ќе може да се бори за титулата во 2022 година. Следната сезона ни треба првенство со четири или пет екипи кои се борат за шампионатот, а Ферари треба да биде еден од тие тимови.

Имаат силно дуо пилоти. По слабата сезона во 2020 година, тие станаа многу подобри. Колку има поконкурентни тимови, толку е поинтересно за навивачите.

Кога Ферари поминува низ криза, тоа лошо влијае на целата Формула 1. Ферари е икона во светот на мотоспортот и мора да биде напред. Никој од италијанскиот тим или навивачи не заслужува лош резултат, изјави Волф за „Speedweek“.

Во тековната сезона во Формула 1, Ферари е на четвртото место во поредокот на конструктори. Тимот има 163 поени.

0 Коментари

Остави коментари