Тотенхем со минимална предност по првиот дуел од полуфиналната пресметка со Челзи во Лига купот
Foto

Тотенхем со минимална предност по првиот дуел од полуфиналната пресметка со Челзи во Лига купот

Минимална победа со 1:0 забележа Тотенхем над Челзи на првиот натпревар во полуфиналето на англискиот Лига куп.

Единствениот погодок синоќа на „Вембли“ го постигна Хари Кејн од пенал во 27. минута.

Пред да го досуди ударот од 11 метри поради прекршок над Кејн, судијата Мајк Оливер покажа „офсајд“ и им ја додели топката на Челзи, но потоа следуваше прегледување на видео снимката па со помош на ВАР беше констатирано дека не постоела недозволена позиција и домаќините добија пенал.

Реваншот меѓу градските лондонски ривали е закажан за 24 јануари на „Стемфорд Бриџ“.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Манчестер сити и Бартон.

0 Коментари

Остави коментари