Тотенхем со изненадувачки пораз во последниот натпревар за годината
Foto

Тотенхем со изненадувачки пораз во последниот натпревар за годината

Екипата на Тотенхем, која во средината на неделата се искачи на второто место во генералниот пласман во Премиер лигата, допушти пресврт и изненадувачки пораз со 1:3 од Вулверхемптон на „Вембли“.

Хари Кејн (22′) донесе предност за домаќините, но слабата игра на „петлите“ по паузата беше казнета и „волците“ стигнаа до целосен пресврт по голови на Вили Боли (72′), Раул Хименез (83′) и Елдер Кошта (87′).

Тоа беше уште едно силно претставување на тимот на Нуно Еспирито Санто против водечки тим во Премиер лигата. Вулверхемптон ги победи неодамна и Челзи, а освен тоа запиша реми со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Резултати од Премиер лига, 20.коло:

Брајтон – Евертон 1:0

Фулам – Хадерсфилд 1:0

Лестер – Кардиф 0:1

Тотенхем – Вулверхемптон 1:3

Ватфорд – Њукасл 1:1

Во последниот натпревар од денешната програма се среќаваат Ливерпул и Арсенал во дербито на колото.

0 Коментари

Остави коментари