Тотенхем го совлада Манчестер сити, Мурињо вторпат по ред поуспешен од Гвардиола
Foto

Тотенхем го совлада Манчестер сити, Мурињо вторпат по ред поуспешен од Гвардиола

Тотенхем го победи Манчестер сити вечерва во Лондон со 2:0 во дербито на 9. коло од англиската Премиер лига.

Со новите три бода „Спарс“ имаат вкупно 20 и избија на чело на табелата каде ќе бидат барем до утре.

Дуелот на стадионот на Тотенхем беше интересен и по тренерската пресметка меѓу лутите ривали Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. За Португалецот ова е втора победа по ред, претходно со истиот резултат славеше на 2 февруари.

Во 24 меѓусебни пресметки Мурињо има седум победи, додека Гвардиола остана на 11.

0 Коментари

Остави коментари