Тотенхем го контактираше тренерот на Ајнтрахт, Оливер Глазнер
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, размислува за тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Глазнер, да го замени Антонио Конте.
Според „Билд“, Конте во блиска иднина би требало да го напушти англискиот клуб. Спарс веќе стапиле во контакт со претставници на австрискиот стручњак Глазнер за можното назначување на функцијата главен тренер.
Глезнер минатата сезона ја освои Лигата на Европа со Ајнтрахт Франкфурт и наводно го импресионирал раководството на Тотенхем.
Претходно беше објавено дека Антонио Конте ќе ја напушти функцијата оваа недела. Тој е на чело на Тотенхем од ноември 2021 година.