Тошковски: Станува збор за лица кои со изготвување незаконски документи придонеле да се случи трагедијата во Кочани
Повеќе детали во врска со осомничените полицајци попладнево на прес-конференција соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој рече дека станува збор за лица кои со изготвување незаконски документи придонеле да се случи трагедијата во Кочани. Во меѓувреме во кочанското јавно обвинителство се донесени решенија за продолжување на притворот од 48-часа за десет лица, додека за останатите шест и натаму се одлучува.

