Тошковски со отчет за сработеното последнава година
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Владата истакна дека државата покажува решителност во справувањето со организираниот криминал и корупцијата. Тошковски посочи дека изминатата година биле разбиени 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, меѓу нив и група вмешана во девет убиства.
Во однос на дивоградбите во земјава вклучително и тие за кои алармира градоначалничката Данела Арсовска, Тошковски рече дека Министерството активно работи на утврдување случаи на дивоградби, потврди дека постои наредба од јавен обвинител и дека МВР веќе постапува по истата.
Во рамки на акциите против трговијата со дрога, запленети биле повеќе од 430 килограми наркотици, меѓу кои и кокаин, како и над 6 тони марихуана одземена од компании за канабис.
Спречени биле и три обиди за меѓународен шверц. Во делот на сообраќајната безбедност, Тошковски призна дека состојбата сè уште не е задоволителна. Најави дека преку проектот „Безбеден град“, ќе се работи на подобрување на функционалноста и безбедноста во сообраќајот.