Тошковски: Системот „Безбеден град“ ќе работи со прецизно дефиниран праг на толеранција

Системот „Сејф сити“ односно „ Безбеден град“, ќе работи со прецизно дефиниран праг на толеранција, но тој ќе се однесува исклучиво на прекршоците, додека за потешките сообраќајни случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

Функционалноста на системот  е пролонгиран и наместо од јаниари ќе започне со автоматско регистрирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци од 1 февруари, во меѓувреме трае тест-фазата за да с еоткријат предностите и пропустите.  

Тошковски посочува дека примарната цел на „Сејф сити“ е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на тешките сообраќајни несреќи.  

Тестирањето почна на 1 декември, кога само во во првиот ден беа регистрирани повеќе од 110 илјади прекршоци. Системот Сејв сити засега функционира во Скопје, Куманово и Тетово и долж коридорите 8 и 10д. 

Инаку, за време на тестирањето на пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина. На скопската обиколница бил „фатен“ возач кој возилото го управувал со брзина од 231 километар на час.