Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи од САД каде учествува на стратешкиот дијалог Македонија–САД во Вашингтон.
Тој вели дека фокусот е ставен на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал и нелегалната миграција. Тошковски истакна дека партнерството носи конкретни резултати за поголема сигурност на граѓаните.

