Тошковски: Немаме нови детали за пукањето во Арачиново

Полицијата се уште трага по напаѓачот кој ги рани двајцата придружници на градоначалникот на Арачиново, а чија мета бил градоначалникот Ридван Ибраими. Повредените се во стабилна здравствена состојба, од скопското Обвинителство остануваат на истиот став, дека во момнентов во континуитет издаваат наредби и насоки.

Техничкиот министер за внатрешни работи денеска апелираше да се постапува согласно напатствија на Основното јавно обвинителство.

„Во текот на вчерашниот ден, беа приведени две осомничени лица, за кои што се претпоставуваше дека се поврзани со предметниот кривично-правен настан. Во рамки на оперативните дејствија кои се преземаат од страна на службите во Министерството за внатрешни работи, беше утврдено дека едно од предметните лица кои се приведени е барано со потерница, тоа беше соопштено во текот на вчерашниот ден и истото ккао такво ќе биде процесоирано согласно Закон. Не сакам да говорам детали, кои би можеле да загрозат било каква истрага“, вели Панче Тошковски-технички министер за внатрешни работи.

Според кажаното на дел од вработените во општината кои вчера ги затекнавме таму, кажаа дека во текот на вчерашниот ден, не ги извршувале работни обврски, затоа што сочувствуваат со болката на нивните ранети колеги кои што се во болница.

Претходно, во септември 2022 година, градоначалникот Ибраими изјави дека бил физички нападнат во просториите на општината, како и минатата година во мај кога пријавил во МВР дека добивал закани по живот.

Градоначалникот на скопско Арачиново, Ридван Ибраими кој доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграции, на позицијата  градоначалник на општина е назначен од октомври 2021година.